На Граничниот премин „Табановце“, вчера околу 12:30 часот поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, приведен е А.Ј.(63) од Република Србија, кој управувал патничко возило „БМВ 530 Д“ со српска национална ознака, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од таму, лицето било задржано за понатамошно постапка.