Сообраќајка на патот Војник – Клечовце, повредени и деца

Сподели со своите пријатели

На локалниот пат село Војник- село Клечовце вчера во 19,45 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Фокус“ управувано од М.Б.(24) од Куманово и патничко моторно возило „Митсубуши“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ј.Т.(52) од Кратово.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото “Митсубуши“ А.Т.(38) и сопатник на возраст од 11 години, а друг сопатник на 12 годишна возраст се здобил со телесни повреди.

Со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во Клиничката болница Куманово за укажување на лекарска помош, а двете лица со здобиени тешки телесни повреди биле препратени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР – Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply