Крадци провалиле во подрум на луксузен ресторан во Париз „Maison Rostang“ во близина на Труимфалната порта и избегале со најмалку 150 шишиња скапоцено вино чија вредност се проценува на стотици илјади евра, пишува Гардијан.
Работниците во ресторанот откриле дупка во ѕидот на винскиот подрум, со радису од половина метар, која крадците ја направиле во понедленик за да влезат и ги украдат шишињата вино.
Климатските промени би можеле да го променат вкусот на виното
Полициски извори рекле дека украденото вино би можело да вреди од 400 до 600 илјади евра. Ресторанот има две ѕвездички и поседувал вино од познатите „Petrus“ и „Romane-Conti“.
Француската полиција во 2009 година привела 44-годишен маж поради сомнеж дека украл над 500 шишиња квалитетно вино вредно стотици илјади евра од најдобрите ресторани во Париз.
Image by Thanks. All my pics are free! from Pixabay