Момче тргна на море, а од мајката доби урнебесни совети за алкохолот, сексот и тетоважите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Објавата на 18-годишниот Британец Финли Броки на социјалните мрежи стана вирална ширум светот. Неговата мајка пред патувањето во Шпанија му напишала во порака неколку урнебесни правила, до кои мора да се придржува.

Loading...

Конкретните правила, меѓу другото опфаќаат дека никако не смее да има тетоважа, освен ако е на задникот, на невидливо место. Исто така, никако не би требало да има секс без заштита.

Финли направил „скриншот“ од пораките па ги објавил на Твитер.

– Потсетувам дека утре одите на летување на Мајорка, па морам да ви дадам неколку совети, напишала неговат амајка Лиза пред да започне да набројува што се не смее да прави.

– Не пијте пред да дојдете на аеродром. Ако ве затектнат пијани, нема да ве пуштат во авионот. Сетете се како беше кога тргнавте на концертот на Еминем. Иако, на тоа веројато и не се сеќавате, пишува во првиот совет.

Вториот се однесува на пасошите.

– Не носете пасош кога ќе излезете ноќе за да не го изгубите. Во последните месец дека изгуби два привремени пасоши, клучеви, картички од банка, пари и паричник. Не можете да имате доверба во себе. Ако го изгубите пасошот, нема да ве пуштат дома, што не би било толку лошо за вас, но во тој момент ќе бидете без пари.

– Не заборавајте да јадете и не штедете на храна за да купите алкохол, вели Лиза, додека во четвротот правило им препорачува да се држат подалеку од забави на бродови и оние кои се во близина на базен, затоа што ако паднат во водата, можат да се простат од телефонот.

Loading...

Потоа продолжува:

– Не се тетовирајте, а ако баш морате, направете тетоважа на задникот. Затоа кога во староста ќе жалите поради тоа, на тоа место нема секојдневно да ве потсетува дека ја имате, гласи едно од правилата.

Секако, не можело ниту без советит за заштита при секс.

– Користете заштита. Една ноќ забава не е вредна гонореја која би ја добиле и да патите целиот живот. Всушност, немојте да имате секс, не знаете со кого биле тие личности пред вас.

Во седмото правило Британката го потсетува синот да не и се јавува кога ќе биде пијан, затоа што така само повеќе ќе ја загрижува.

– Дури ни ако во три наутро ја слушнеш нашата омилена песна, не се јавувај како што имаш обичај. Исто така не ми е потребен повик рано наутро, со неповрзнаи приказни, вели Лиза.

За крај, еден вистински совет од мама:

– Внимавајте едни на други и јавете ми се ако има некакви проблеми. Се обидувам да сфатам кој во вашето друштво е најразумен, но и натмау се борам со тоа. Те сакам повеќе од животот. Убаво забавете се и безбедно вратете се дома, напишала грижливата мајка.

Loading...

Нејзините совети предизвикаа бројни реакции на Твитер, претежно коментари дека Лиза е единствена, дека е најдобра мајка на светот и дека нејзините совети се нешто најдобро.

Фото: Twitter/Finlay Brockie

Leave a Reply