На Аљаска измерена рекордна температура

Сподели со своите пријатели

Температурата на Меѓународниот аеродром во Анчораге, најголемиот град на Аљаска, на Денот на независноста достигнала рекордна температура од 32,22 степени.

Loading...

Највисоката температура во тој град претходно измерена била на 14 јули 1969 година и изнесувала 29,44 степени, рекол Боб Клеј од Националата метеоролошка служба.

Мразот кој се топи на Аљаска, аларм за научниците и жителите

Тој додал дека просечната температура за јули во Анчораге била 23,89 степени.

На три локации на Аљаска биле забележани рекордно високи температури, што експертите го препишуваат на климатските промени.

Клеј објаснува дека до рекордните температури дошло поради високиот воздушен притисок над поголемиот дел од Аљаска.

Во најсеверниот град на Аљаска ноќта трае 65 дена (ФОТО)

Експертот за клима во центарот Фаирбанкс при Универзитетот Аљаска, Рик Томан вели дека епизодите на екстремни временски услови ќе бидат се почести поради глобалното затоплување.

Loading...

Тој додава дека во заливот на Аљаска, Беринговото море и Чукотското море јужно од Поларниот круг, водите се исклучително топли, како и дека нивото на морето е рекордно ниско за овој период од годината на северниот и северозападниот брег на Аљаска.

Image by David Mark from Pixabay

Leave a Reply