МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси.
Како што појаснуваат од компанијата, со тоа се изложуваат на ризик и ги загрозуваат сопствените животи како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина.
– Воедно апелираме до земјоделците во екот на сезоната за наводнување да не поставуваат системи за наводнување во далекуводните траси заради тоа што водата е проводник на електрична енергија и контактот со проводните јажиња го зголемува ризикот од струен удар на лицето кое ракува со системот за наводнување и на други лица кои се наоѓаат во непосредна близина, апелираат од МЕПСО.
Image by SnapwireSnaps from Pixabay