Жителите на германскиот град Острица на многу необичен начин решиле да се спротивстават на одржувањето фестивал во тоа место.
Противницит ена неонацистичкиот фестивал во овој источен германски град во сабота на несекојдневен начин организирале протест.
Во оваа држава пивото било забрането 74 години
Имено, тие го купите сето пиво во тоа место.
Оваа акција следувала откако полицијата забранила алкохол на екстремно десничаркиот фестивал „Schild und Schwert Festival“ во хотел во кој се собрале околу 600 неонацисти во петок и сабота.
Полицијата во петок на учесниците на фестивалот им запленила 4.200 литри пиво, а во сабота уште 200 литри.
На улиците на овој град 300 луѓе мирно марширале во знак на протест против фестивалот, а локално населението се организирало и купиле над 100 гајби пиво од сите продавници во околината, за да го спречат одржувањето на фестивалот.