На лекарка и ја одзеле лиценцата поради провокативни фотографии на Инстаграм (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На лекарка од Мјанмар Нанг Мве Сан, која сакала да стане модел, одземена е медицинска дозвола поради објавување, како што рекле „неморални“ фотографии во костим за капење.

Loading...

По неколку години лекување пациентот Нанг Мве Сан започнала на социјалните мрежи да објавува фотографии во бикини и да учествува во професионални снимања. Набргу Лекарскиот совет на Мјанмар на 29-годишната девојка и издал предупредување да престане да објавува провокативни фотографии и да ги избрише веќе постоечките.

Меѓутоа, со оглед на тоа дека таа го игнорирала предупредувањето, укината и е медицинската дозвола.

– Тука постои толку сексизам. Не сакаат жени на повисоки положби. Им судат на жените според она што го носат. Не сакаат дури ни да носиме панталони, рекла лекарката која на Инстаграм ја следат околу 130.000 луѓе.

View this post on Instagram

I luv the sun kissing my body???

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

Мве Сан признала дека претходно годинава ја предупредиле да престане да се облекува на начин кој е спротивен на традиционалната мјанмарска култура.

View this post on Instagram

too much to handle ?

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

– Ми рекоа дека имам пореметување во однесувањето. Општеството не поседува женско тело. Мое тело, мое право, порачала др. Нанг.

Фото: Instagram/nangmwesan

Leave a Reply