Јапонската железница соопшти дека за сообраќајниот колапс од минатиот месец на островот Кјушу е одговорен полжав кој предизвикал краток спој на железничките инсталации.
Loading...
Повеќе десетици возови застанале или биле откажани, а 12.000 луѓе доцнеле на 30 мај во земјата која е позната по ефикасноста и точноста на железницата.
Откако биле прегледани сите инсталации, полжавот бил пронајден во електрична кутија недалеку од шините.
Јапонските железници навеле дека во прашање е редок инцидент.