Уште 30 станови приклучени на гасоводната мрежа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Куманово гас“ приклучи на гас уште една станбена зграда со 30 станови, информираа надлежните од претпријатието.

Loading...

Со приклучокот на оваа единица расте бројот на физички лица кои ќе користат природен гас за загревање наредната грејна сезона.

– Јавното претпријатие продолжува со тековните активности. Неодамна е приклучена колективна зграда на булеварот „Октомвриска револуција“. Продолжуваме со трендот на позитивно работење како и претходните два квартали и да го зголемуваме бројот на приклучоци, изјави директорот на претпријатието, Никола Денковски.

Во Куманово, гас користат преку 160 домаќинства од кои 40-ина куќи, останатите се станови.

– Апелирам до граѓаните да дојдат во просториите на претпријатието, да добијат детални информации како да се приклучат на гас, кои се бенефитите од користењето на овој енергенс, колку ќе заштедат, повика Денковски.

Оваа година петнаесетина граѓани ја искористиле субвенцијата која ја нуди општина Куманово во вредност од 10.000 денари за приклучок на гас, како дел од мерките за намалување на аерозагадувањето.

Што се однесува до проширувањето на мрежата, постапките и тендерите се завршени, информира Денковски и се чека „Простор“ Куманово да ја  изработи проектната документација.

Leave a Reply