Вкупно 34 крвни единиц вчера беа собрани на втората крводарителска акција годинава која се одржа во просториите на Секторот за внатрешни работи Куманово.
– Крв даруваа 34 крводарители, од кои двајца се новорегистрирани. Задоволува податокот дека бројот на жени крводарители е во пораст, изјави Живкица Чавдаревиќ, в.д. портпарол на СВР Куманово.
Станува збор за редовна крводарителска акција согласно планот на Министерството за внатрешни работи.