992 санкции за брзо возење само вчера низ државата

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден (10.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 992 возачи.

Loading...

Од нив 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 443 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 549 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Филков: Во ЗНАМ градиме структура каква што одамна нѝ недостасува: луѓе со личен интегритет, независна кариера и јавен углед