9,5 отсто од заболените во Македонија се здравствени работници

Сподели со своите пријатели

Од вкупниот број заболени во земјава до денеска кој изнесува 555, педесет и двајца се здравствени работници или 9,5 отсто, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

– Со оглед дека некаде има и лекари, и тука е компромитирана работата, како Инфективното одделение во Куманово, таму има двајца други интернисти кои ја организираат работата на одделението, еден од Скопје и еден од Штип, изјави Филипче.

Осумдесет отсто од сите заразени во државата имаат лесна клиничка слика, но има и такви на кои им е неопходна хоспитализација.

– Во таа насока вчера и денес беше дискутирано и се започна да се имплементираат стратегиите за активирање на другите капацитет во таа смисла на Клиниката за инфективни болести и покрај тоа што има слободни кревети на одделение во самата зграда веќе во функција ќе се стави и мобилната болница која е целосно инсталирана, недостасува само сува врска, доводот на воздух и струја е поставен од Армијата, изјави Филипче.

Од вчера во функција е и болницата „8ми Септември“ во Скопје, која досега беше користена за пациенти кои беа позитивни или суспектни на присуство на коронавирусот, а на кои им беше потребна здравствена услуга.

Никола Ивановски

Leave a Reply