Мртов 95-годишник наводно се разбудил среде подготовките за сопствениот погреб.
Буд Рам Гујар во Ражастан, Индија се тресел и започнал да дише кога членовите од семејството го полеале со вода по градите при традиционален ритуал пред погребот на 3. ноември.
Лекарот го прогласил за мртов откако тој се онесвестил претходно тој ден, рекло неговото семејство.
– Свештеникот веќе започна со ритуалите, берберот ги избричи главите на сите мажи во семејството. Се подготвивме да го капеме телото како обичај пред погребот. Одеднаш започна да дише ис тана. Ова не е ништо друго освен чудо, рекол неговиот син Балу Рам.
Го погребале, а тој ги контактирал сестрите после 18 години (видео)

