Над територијата на Русија, во текот на ноќта беа соборени 94 украински дронови, а според првичните информации, нема жртви во нападите, соопшти руското Министерство за одбрана.
Голем број беспилотни летала – вкупно 34 – беа неутрализирани над територијата на Воронежската област, а гувернерот на регионот, Александар Гусев, објави дека поради падот на делови од беспилотното летало, прекинати се далноводите и имало краток прекин на електричната енергија.
Оштетени се и покривот на приватна куќа и гаража, пренесува Интерфакс.
Во Саратовската област, станбени згради во Енгелс и Саратов беа оштетени по напад со беспилотни летала, објави шефот на регионалната администрација, Роман Бусаргин.
Според прелиминарните податоци, нема жртви.
Над територијата на Брјанската област беа соборени 11 украински беспилотни летала, девет над Белгородската и Саратовската област, осум над Новгородската област, шест над Курската област, три над Ленинградската и Орјолската област, по два над Ростовската, Смоленската, Рјазанската област и Чувашката Република и по еден над териториите на Московскиот, Пензенската и Тулската област, се вели во соопштението на руското министерство, пренесува Танјуг.