913 санкции за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 913 возачи.

Loading...

Од нив 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 494 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 419 надвор од населено место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка повредена додека работела во продажен објект

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на МВР.