90 отсто од светскиот отпад доаѓа од само 10 реки во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Научниците пред извесно време дошле до шокантно откритие откако една студија покажа дека дури 90 отсто од светскиот пластичен отпад доаѓа од само 10 реки, осум азиски и две афрички.

Додека владите ширум светот брзаат да се занимаваат со глобалниот проблем на пластично загадување во океаните, истражувачите утврдиле од кои речни системи доспева најмногу отпад во морињата.

Околу пет милијарди тони пластичен отпад плута во морето, а најголеми виновници за тоа се реките Јанцекјанг и Ганг, кои, како што тврдат научниците носи скоро половина од тој отпад.

Научниците тврдат дека светот ќе го истребат бактерии и колера

Loading...

Германскиот Центар за истражување на животната средина Хелмхолц, како најефикасен начин за намалување на количината на пластика во океаните предлага проблемот да се решава долж критичните пловни текови кои се одговорни за тоа.

Истражувачите кои дошле до оваа откритие, провот предупредување го издале во текот на минатата година, истакнувајќи дека таквата ситуација не смее да продолжи.

– Бидејќи е невозможно да се исчисти сиот пластичен отпад кој веќе се наоѓа во океаните, мораме да преземеме одредени мерки, за да брзо и ефикасно го намалиме приливот на нова пластика, навел др. Кристијан Шмит, дирогеолог од Хелмхолц.

Неговиот тим анализирал податоци за ситемо од 79 локации при што биле земени примероци долж 57 реки.

Кинеската река Јангцекјанг била најголем загадувач, затоа што, според сутијата, секоја година во Жолтото море изгрла околу 1,5 милиони тони пластика.

Истражувачите истакнуваат дека микропластиката особено може да го оштети здравјето на морскиот живот, но и целосното отстранување на отпадот е скоро невозможно.

Пацифичкиот „остров на сметот“ два пати поголем од Турција (ВИДЕО)

Реките кои носат најголем пластичен отпад во океаните се:

– Јагнцекјанг, Азија

– Инд, Азија

– Нил, Африка

– Ганг, Азија

– Бисерна река, Азија

– Амур, Азија

– Нигер, Африка

– Меконг, Азија.

Leave a Reply