На сите им е добро познато дека светот е необично место. Сепак, многу туристи најверојатно се уште немаат слушнато за овие необични закони.
Забрането тетовирање и селфи со Буда
Ова правило важи во Шри Ланка, па ако се затекнете таму, избегнувајте по секоја цена селфи, затоа што добар дел од туристите се имаат „изгорено“ и платено парична казна. Истото важи и за тетоважи со Буда.
Loading...
Забанети електрични цигари
Ако одите на Тајланд, заборавете на својата електрична цигара. Доколку ве фатат со неа, секако ќе платите парична казна, а ако еден од судиите се нафрли на вас би можеле да завршите и зад решетки. Талјанѓаните исто така неодамна го забранија пушењето цигари на многу плажи.
Не облекувајте маскирана облека
Многу карипски држави како Барбадос, Света Лусија и Свети Винсент забарнуваат облекување маскирана облека. Неа не смат да ја носат ниту децата.
Не ги хранете гулабите во Венеција
Од страна, покрај својот хотел или каде и да сте, можеби ќе се извелечете од оваа активност, но тоа нека не ви текнува да го правите на плоштадот Свети Марко. Таму ги има премногу, па градските власти строго забраниле нивно хранење, за да луѓето не ги привлекуваат дополнително.
Внимавајте на бензин во Германија
Кога се наоѓате на патиштата во Германија, добро внимавајте да имате доволно бензин. Имено, законот вели дека е забрането да останете без гориво, што не е необична работа, имајќи на ум дека на тој начин можете во опасност да се доведете самите себе, но и другите.
Без плукање во Барселона
Некултурното однесување во вид на плукање по улица постои секаде низ светот. Сепак, градските власти во Барселона одлучиле на таквата некултура да реагираат, па плукањето го прогласиле за непосакувано.
Штикли во Грција
Грција нема забрането носење штикли на сите и секаде, туку само на посетителите на важни знаменитости, како што е например Акропол. Донесувањето на оваа одлука потикната е од грижата дека штиклите можат да ги оштетат историските мест аи споменици.
Loading...
Внимателно со банкнотите на Тајланд
Да кажеме се наоѓате во Бангкок и случајно на под ви испаѓа банкнота. Не ја видите и газите преку неа, но ве забележува полицијата, тогаш ви следува приведување или во најдобар случај парична казна затоа што сте го навредиле кралот кој се наоѓа на тајландските банкноти. Навредата кон крајлот се смета за смртен злочин во оваа земја.
Не пцујте во Обединетите Арапски Емирати
Пцовките, како и непристојните гестови строго се забранети во оваа држава. Прекршителите можат да бидат депортирани или најлошо да завршат во затвор.