Осумдесет и осум лица во Куманово вчера биле казнети поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска на лицето.
Loading...
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23.02/24.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 129 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Најголем дел од прекршочните налози се издадени во Куманово 88, во Крива Паланка 28 и во Кратово 13.
За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
М. Ф.