88 брзи и 22 пијани возачи викендов казнети во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 129 возачи биле казнети викендов во Куманово во акциска контрола на полицијата, најмногу поради брзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 129 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од вкупниот број изречени казни, најголем дел, или 88 биле за возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, а 22 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени лица од Липково. Пронајдена дрога и дигитални ваги

16 казни полицијата изрекла за управување возило без возачка дозвола и 3 за нерегистрирано возило.

Сообраќајните контроли, посочуваат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски