Во нападот на Соединетите Американски Држави врз училиште во иранскиот град Минаб во провинцијата Хормозган на југот на Иран, загинаа 85 ученички и членовите на нивните семејства, а 92 се повредени, соопшти гувернерот на таа провинција Мохамад Ашури.
„Нападот на основното училиште во Минаб е страшно злосторство, кое уште еднаш покажа дека лажните бранители на човековите права ги кршат сите меѓународни норми со напаѓање на беспомошни цивили наместо воени цели“, рече тој, пренесе Тасним.
Неодговорност кон човечките животи
Нападот на основното женско училиште „Шаџареја Тајабех“ е извршен во 10:45 часот по локално време, изјави регионален претставник, истакнувајќи дека напаѓачите не покажале одговорност за човечките животи и меѓународните закони.
Ашури истакна дека на лице место се спасувачки екипи и доброволци и дека продолжува потрагата по преживеани под урнатините, пренесува Танјуг.
ISRAEL TARGETS SCHOOL, KlLLS 36
Iran’s IRNA news agency reports 36 female students were kiIIed in a joint Israeli-US strike in Hormozgan southern Iran.
Israel ALWAYS does this. They ALWAYS kiII civiIians. Iran doesn’t. Yet Israel acts like the victim.pic.twitter.com/EpQhgDZeMI
— ADAM (@AdameMedia) February 28, 2026

