84-годишен кумановец со остар предмет нападнал сограѓанка, ја одбранил нејзиниот син

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и четиригодишник од Куманово со остар предмет нападнал сограѓанка. Во случајот се вмешал нејзиниот син кој успеал да ја одбрани, но жртвата и напаѓачот се здобиле со повреди.

– На 04.12.2025 во 07:17 часот во СВР Куманово е пријавено дека во угостителски објект на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, во делот кој се користи за живеење, Г.П.(61) од Куманово била нападната со остар предмет од Б.Т.(84) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, нејзиниот син Д.П.(38), кој бил во соседната соба, успеал да ја одбрани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово утре ќе ги одмери силите со РК Бутел

Притоа, Г.П. и Б.Т. се здобиле со повреди и пренесени се во Општа болница Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово и на местото е пронајден остриот предмет.

– По излегување од болница, Б.П. ќе биде лишен од слобода и спроведен во полициска станица, а во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски