Осумдесет и тригодишен кумановец од селото Табановце удрил во пешак од Ново село, со своето „рено клио“.
Loading...
– На 06.06.2024 во 19.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „рено клио“ со кумановски регистарски ознаки управувано од К.Б.(83) од село Табановце, кумановско, удрило во пешакот А.Л.(56) од с.Ново Село, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Л., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски