Осумдесет и двегодишен жител на Старо Нагоричане со остар предмет го нападнал својот внук и му нанел повреди.
Loading...
– Денеска (09.08.2023) во 05.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село во општина Старо Нагоричане, по претходна расправија, Д.Б.(82) со остар предмет го нападнал својот 37-годишен внук, кој се здобил со повреда и бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување помош, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски