Масако Вакамија е далеку од обичен, типичен граѓанин. Со својата 81 година, оваа Јапонка создала апликација за ајфон и сака да ги инспирира и другите постари луѓе да го направат истото.
Апликацијата наречена Hinadan, се заснова на традиционалниот јапонски празник, познат како Денот на девојките.

Станува збор за едноставна игра каде што играчот мора да нареди серија кукли по специфичен ред, воден од „сигнализација“ на одобрување или неодобрување.
Вакамија го купила нејзиниот прв компјутер кога имала 60 години, кога била принудена да замине во пензија по 43 години служба во голема банка.


