Околу 800 цивили се кријат од војната во хемиска фабрика во стратешки важниот град Северодонецк, според адвокатот на Дмитриј Фирташ, чија компанија е сопственик на фабриката.
„Околу 800 цивили се сокриле во бункерите на хемиската фабрика Азот, во сопственост на групата ДФ во сопственост на Дмитриј Фирташ“, рече американскиот адвокат Лани Џеј Дејвис, кој го застапува Фирташ.
Руските сили со денови се обидуваат да го окупираат Северодонецк, сакајќи да воспостават контрола врз целиот регион Луганск во источна Украина.
Меѓу 800-те цивили има околу 200 од околу 3.000 вработени во хемиската фабрика и околу 600 жители на Северодонецк, рече адвокатот.
„Постојат исклучително експлозивни хемикалии“
Работниците останаа во фабриката за да се обидат да ги обезбедат „силно експлозивните хемикалии“ што се користат во фабриката, се вели во соопштението на адвокат.
Агенцијата АФП ја контактираше канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се обиде да ја потврди оваа информација, но засега безуспешно.
Русите тврдат дека ги „ослободиле“ станбените области на Северодонецк
Претходно рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу објави дека руските сили „целосно ги ослободиле“ станбените области на Северодонецк.
Украинската страна, пак, тврди дека бранителите на Северодонецк сѐ уште се држат, но признаваат дека во центарот на градот се водат жестоки улични пресметки.
Гувернерот на Луганск објави дека на украинските бранители им е „тешко“ да се „оддржат“ на насилните руски напади во тој град.
Кој е Дмитро Фирташ?
Дмитриј Фирташ (57) е еден од најбогатите Украинци и близок соработник на поранешниот проруски украински претседател Виктор Јанукович.
Иако во јуни 2021 година претседателот потпиша декрет за воведување санкции на украинскиот тајкун, обвинувајќи го дека продава производи од титаниум на руски воени компании, тој го осуди нападот на Русија врз Украина.