80 отсто од пластичниот отпад плута на помалку од 10 километри од бреговите

Сподели со своите пријатели

Видеа со пластични купишта на отворено море често ја шокираат јавноста, но едно швајцарско истражување покажа дека повеќето пластични отпадоци завршуваат близу крајбрежјето.

Loading...

– Нашите анализи покажаа дека пет години откако ќе заврши во морето, приближно 80 проценти од пластичниот отпад плови на помалку од 10 километри од брегот, рече Виктор Онинк од Центарот за климатски истражувања на Универзитетот во Берн.

 

 

Пред шест години, научниците процениле дека до 13 милиони пластика завршуваат на морињата секоја година.

Најголемиот дел од отпадот на крајот стигнува до крајбрежјето, рече Онинк, главен автор на студијата објавена во списанието „Environmental Research Letters“.

Според пресметките на швајцарските научници, најмалку третина од пластиката фрлена во морето ќе се врати на крајбрежјето, а тоа има сериозни последици врз животната средина бидејќи крајбрежните екосистеми се особено чувствителни на пластиката, а истовремено феноменот негативно влијае на туризмот.

Loading...

 

 

Средоземното море е особено загадено од две причини, вели Онинк. Прво, еден куп пластика влегува во Средоземното море преку Нил, и второ, тоа е релативно мало и затворено море.

Leave a Reply