Будистичкиот храм Ват Самфран се наоѓа во Тајланд, а неговиот изглед ги интригира посетителите.
Сите посетители се восхитуваат на овој храм, но деталите за тоа кога е изграден, кој го изградил и зошто оваа 17-катна кула се наоѓа во канџите на масивен змеј не се познати.
View this post on Instagram
Ват Самфран се издига 80 метри во височина, одбележувајќи ги годините од животот на Буда.
Розовата зграда е најпозната по скулптурата на змејот што го опкружува храмот.
Ват Самфран ретко се наоѓа во водичите и е далеку од типична туристичка патека.
View this post on Instagram
Патниците кои налетале на храмот на нивните патувања велат дека внатрешноста е во многу лоша состојба, но дека е полн со прекрасни статуи и светилишта, меѓу кои и огромен бронзен Буда.
Порано можело да се искачи на врвот преку внатрешната страна на змејот, но сега е забрането од безбедносни причини.

