79 отсто од Русите ги поддржуваат постапките на Путин

Сподели со своите пријатели

Мнозинството Руси, 79 отсто, ги одобруваат активностите на претседателот Владимир Путин, а речиси 81 отсто му веруваат, покажуваат резултатите од анкетата спроведена денеска од Свердловскиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Loading...

На прашањето дали ги одобруваат или не активностите на претседателот, 79 отсто од испитаниците одговориле дека ги одобруваат, а 13,5 отсто не одобруваат.

 

Како се живее во Русија по острите санкции воведени од Западот?

 

На Путин му веруваат 81 отсто од испитаниците, а 15,4 отсто од нив изразиле недоверба кон лидерот на Русија, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Десетици илјади потрошувачи ја тужат Philips

Анкетата е спроведена од 21 до 27 март телефонски, а во неа учествувале 1.600 руски државјани на возраст над 18 години.