77 казни за неносење маска во Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Вкупно 77 лица биле казнети вчера во Куманово поради неносење заштитна маска на лицето.

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (29.12/30.12.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 119 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупно издадените прекршочни налози, 77 се во Куманово, 28 во Крива Паланка и 14 во Кратово.

Никола Ивановски

Leave a Reply