77-годишник од Куманово со тврд предмет ја нападнал сопругата

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и седумгодишник од Куманово бил приведен по пријава дека со тврд предмет ја нападнал неговата сопруга.

– На 16.10.2025 во 14.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 77-годишник од Куманово затоа што со тврд предмет ја нападнал неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Навреме отворени сите избирачки места во Куманово, Старо Нагоричане и Липково