Седумдесет и пет возачи управувале возила со брзина над дозволената на подрачјата на Крива Паланка и Кратово, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.
– На подрачјето на ОВР Крива Паланка и ОВР Кратово во периодот 16/17.01.2021 преземени се мерки и активности и констатирано е дека 75 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од кои еден возач управувал возило пред да се стекне со право за управување на моторно возило, а тројца возачи биле под дејство на алкохол, стои во соопштението од полицијата.
Од сообраќај биле исклучени 4 возила поради непочитување на сообраќајните прописи и двајца за непоседување на задолжителна опрема.
Санкционирани биле двајца возачи за истечена возачка дозвола, двајца за неисправни уреди и опрема, а констатирани се и 8 други прекршоци.
Никола Ивановски