Двајца кумановци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а едниот од нив употребил и тврд предмет.
Loading...
– На 20.06.2024 во 11.36 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(75) и С.Х.(50), двајцата од Куманово, при што Б.С. употребил тврд предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски