740.5 милијарди долари е воениот буџет на САД за 2021 година

Сподели со своите пријатели

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа со двотретинско мнозинство го изгласа буџетот за одбрана на САД за 2021 година, со тоа отстранувајќи ги заканите од претседателот Доналд Трамп да стави вето. 

Loading...

Предлог воениот буџет на САД за 2021 година е во висина од 740.5 милијарди долари. 

Документот е поддржан со речиси двопартиска согласност, од 355 членови кои гласаа „за“ a 78 „против“. Нацрт-законот сега е на ред да помине во Сенатот на САД, по што оди на потпис кај претседателот. 

-Претставничкиот дом денеска испрати силна двопартиска порака до американскиот  народ: нашите војници и нашата национална безбедност се поважни од политиката, изјави синоќа Адам Смит, демократ од државата Вашингтон. 

Бидејќи закконот е поддржан со двотретинско мнозинство членови на Претставничкиот дом, претседателот Трамп нема право да стави вето. 

Тој се закани дека ќе го врати законот на повторно разгледување поради три причини. Првата е затоа што во нацрт-законот не се укинува Параграф 230, посебен закон со кој Интернет компаниите се заштитени од одговорност за тоа што е постирано на нивните веб-страни од нив или од трети лица. 

Законот вклучува и два услови со кои Трамп не е задоволен – постои лимит на парите што претседателот може да ги користи за изградба на ѕидот кон Мексико, и оној со кој се бара армијата да преименува бази именувани според историски личности од времето на Конфедерацијата. 

Борис Камчев, САД

Loading...

Leave a Reply