Вкупно 74 возачи во текот на вчерашниот ден биле казнети на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово поради возење со брзина над дозволената.
– Вчера (22.08.) во периодот од 15 до 20 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 74 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Засилените сообраќајни контроли, велат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на полицијата.
Никола Ивановски

