74-годишен кумановец физички нападнал сограѓанин и бил агресивен кон полицијата

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција вчера го привела седумдесет и четиригодишниот Ч.М. од Куманово кој физички нападнал сограѓанин и се однесувал агресивно кон полициски службеници.

Loading...

– На 18.05.2022 во 21.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ч.М.(74) од Куманово бидејќи на крстосница на улиците „Доне Божинов“ и „Никола Тесла“ во Куманово физички го нападнал Б.С.(53) од Куманово и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски