Седумдесет и двегодишна кумановка стана уште една жртва на честата измама со лажна продажба на огревни дрва.
Loading...
– На 27.04.2024 во СВР Куманово, 72-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лица за сума од 6.000 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле и таа му ги дала парите, тоа ѝ кажало дека дрвата ќе ги донесе од складот во кој наводно се наоѓаат, но не се вратило, по што сфатила дека е измамена.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Никола Ивановски