72-годишен кумановец ја претепал сопругата

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и двегодишник од Куманово бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.

– На 02.09.2025 во 14:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Р.(72) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Loading...

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почна реконструкција на дел од малиот градски плоштад во Куманово (ФОТО)