Откако 72 часа лудувал без престан, Џеј од Австралија се разбудил со тетоважа на своите очни капаци.
Скокачот од Мелбурн мора да оди на ласерски третман за да ја отстрани тетоважата, но не останало се така анонимно. Оние кои му ги отстранувале тетоважите, на Инстаграм поставиле снимка од процесот и на тој начин можеле сите да го видат срамот на Џеј.
Во објаснувањето на снимката стои дека Џеј премногу уживал на одморот во Мексико, каде заминал со своите пријатели да скока од кран. Бидејќи лумпувал три дена, се разбудил и видел дека на своите очни капаци има истетовирано натпист „Party 2 impact“.
Loading...
Отстранувањето на тетоважата од така чувствителни места е многу болно, што може да го забележите и самите на снимката и да слушнете како работниците го смируваат Џеј и му велат да дише длабоко.
Но, погледнете и сами:
https://www.instagram.com/p/BPYYkpyhN8R/