700 парчиња пиротехника пронајдени кај кумановец

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен откако полицијата кај него пронашла 700 парчиња пиротехнички средства.

Loading...

– На 22.12.2024 во 12.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш. (44) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 700 парчиња пиротехнички средства.

С.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Доаѓа првиот снег!