70 пресуди месецов во Куманово за непочитување на владините мерки

Сподели со своите пријатели

Седумдесет пресуди донел Основен суд Куманово од почетокот на април, поради непочитување на владините мерки за намалување на ширењето на коронавирусот.

Како што информираат од кумановскиот суд станува збор за парични казни од 1.000 и 2.000 евра.

– Врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог, од страна на ОЈО Куманово, за сторени кривични дела Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од чл.206 ст.1 од КЗ, Основиот суд Куманово, во периодот од 01.04.2020 година, заклучно со 30.04.2020 година, донесе вкупно седумдесет (70) пресуди со кои обвинетите се огласени за виновни за наведеното кривично дело и се осудени на парични казни, во денарска противвредност од 1.000 евра, до денарска противредност на износ од 2.000 евра, стои во соопштението од судот.

Наведените кривични дела, како што појаснуваат од Основен суд Куманово, обвинетите ги сториле на начин што, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, прогласена со одлука на СЗО од 11.03.2020 година, во истите околности, за време на пандемија од глобални размери, не ги почитувале одлуките на Владата на РСМ, насочени кон спречување на ширење и сузбивање заразната болест, преизвикана од вирусот Ковид 19.

Никола Ивановски

Leave a Reply