„Virgin Hyperloop“ на британскиот милијардер Ричард Бренсон го изведе првото возење со патници на супербрзиот левитирачки капсулен систем, соопшти компанијата.
Ова е клучен тест за безбедност за технологија што може да го промени транспортот на луѓе и стоки во иднина, пренесува Ројтерс.
Научници предлагаат молчење во метро и јавен превоз поради ширење на коронавирусот
Објавените снимки покажуваат дека директорите на Вирџин Хиперлуп, Џош Гигел, главен директор за технологија, и Сара Лучијан, директор за искуство во патување, седат во капсула што леташе низ вакуумска цевка со брзина од 172 километри на час, на полигонот ДевЛоп во компанијата во Лас Вегас.
Од Њујорк до Вашингтон за 30 минути
Во системот хиперлуп, кој користи магнетна левитација за да обезбеди речиси безвучно патување, патувањето од Њујорк до Вашингтон би траело само 30 минути.
Тоа би било двојно побрзо од комерцијалниот лет со авион и четири пати побрзо од патувањето со брз воз.
Јапонски воз со брзина од 382 километри на час ги провозе новинарите (ВИДЕО)
Вирџин Хиперлуп претходно спроведе 400 тестови без патници во Невада.
Компанијата сака да ја заврши безбедносната сертификација до 2025 година и планира да започне со комерцијално работење до 2030 година.