70 казни за неносење маска вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Седумдесет лица вчера во Куманово добиле казна поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (16.03/17.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 112 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни пријави, најголем дел се во Куманово 70, во Крива Паланка 31 и во Кратово 11.

За нив, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply