70-годишен Германец се обидел да внесе марихуана преку Табановце

Сподели со своите пријатели

Седумдесетгодишен државјанин на Германија ќе одговара кривично поради обид преку Граничниот премин Табановце да пренесе марихуана.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.Р.Л.(70) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, на 19.10.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници извршиле преглед во кампер „фиат“, со кој допатувал пријавениот, при што во возилото била пронајдена и одземена марихуана.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово се засили со Бразилец во пресрет на утрешниот натпревар против Тиквеш