69 години мислела дека ќерка ѝ е мртва, се додека во домот за стари не добила нејзин повик (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нема поголема болка за една мајка од губење на сопственото дете, но во еден неверојатен случај, една жена добила можност повторно да го види детето за кое мислела дека одамна го загубила.

Loading...

Во 1949 година светот бил многу поразличен. Младата жена Џеневив Пуринтон имала 18 години и била трудна. Иако не се споменуваат околностите, се претпоставува дека ситуацијата во која се нашла не била идеална.

По 9 месеци, Џеневив родила девојче.

– Реков дека сама да го видам бебето, се сеќава таа, но лекарите и соопштиле ужасни вести. И рекле дека нејзиното бебе не преживеало.

Нејзиниот живот бил уништен. По многу години завршила сама во дом за стари со многу мало семејство кое би можело да и помогне.

На дргиот крај од државата постоела жена опкружена со семејство, но со голема празнина во срцето. Од кога знае за себе, Кони се интересирала кои се нејзините биолошки родители.

– Се сеќавам, кога имав пет години, посакав да ја најдам мојата мајка, им рекла на новинарите.

Loading...

Минатиот Божиќ нејзиното семејство одлучило да помогне на единствен достапен начин. Преку ДНК анализа, ги пронашла своите корени. Наскоро стапила во контакт со роднина која никогаш не ја запознала. Го споменува името на нејзината мајка, кое компанијата и го дала.

– Тоа е мојата тетка, одговорила роднината, а тогаш додала дека е жива.

Недолго потоа, Џеневив, сега 88-годишна старица, нетрпеливо чекала пред вратите на домот за стари. Неколку моменти ја делеле од запознавањето со ќерката која одамна ја загубила.

Кога се сретнале, веднаш заплакале.

– Не си мртва, рекла Џеневив како да не можела да им верува на своите очи.

– Не сум мртва, одговорила Кони низ солзи.

Не само што нејзината ќерка е жива, туку има и добар живот. Џеневив минала пат од самотија до тоа конечно да ја запознае својата ќерка, внуци и правнуци.

Loading...

Се испоставило дека лекарите пред многу години ја излажале дека нејзината ќерка починала, а Кони ја посвоил брачен пар од Флорида.

Leave a Reply