Бројот на жртвите од почетокот на сезоната на дождови во Судан во поплавите се зголеми на 66, изјави денеска бригадниот генерал Абдул-Џалил Абдул-Рахим.
Loading...
Според него, уште 28 лица се повредени во поплавите, пренесе АП.
Околу 24.000 домови и дваесет владини згради беа сериозно оштетени или целосно уништени, рече Абдул-Рахим.
Владината Комисија за хуманитарна помош соопшти дека околу 136.000 луѓе биле погодени од обилни врнежи и поплави во 12 од 18-те судански провинции.
Сезоната на дождови во Судан обично започнува во јуни и трае до крајот на септември, со врвни поплави во август и септември.