На 30.03.2017 година во 23.35 часот ПО Жеровјане пријавено е дека во сепарација за градежен материјал во близина на село Волковија, под патничко моторно возило „Форд Мондео“ со тетовски регистарски ознаки, имало лице во легната положба, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници излегле на местото и константирале дека се работи за лицето М.Г. (66) од с.Брвеница, кој бил починат. Од извршен разговор со сопственикот на сепарацијата константирано е дека починатиот таму работел како чувар и можно е истиот да го поправал возилото, по што најверојатно возилото се спуштило надоле и го потиснало.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Од страна на лекар констатирана е смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Клинички центар Тетово за обдукција.