65-годишна жена од Стрезовце пријавена за исчезната

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишна жена од селото Стрезовце, Општина Старо Нагоричане, вчера била пријавена за исчезната.

– На 14.10.2025 во 15:20 часот во СВР Куманово, З.П.(58) пријавил дека од домот се оддалечила неговата братучедка С.П. (65) од село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, која имала здравствени проблеми, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Превезувале огревно дрво без лиценца, приведени две лица во кумановско