63 отсто од Германците стравуваат дека нивната земја може да биде вовлечена во војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Во анкетата нарачана од Првиот канал на германската телевизија, 63 отсто од испитаниците рекле дека стравуваат дека Германија ќе биде вовлечена во војната. Во исто време, повеќето сметаат дека Берлин не треба да се воздржува од поддршката на Киев.

Loading...

Сегашната редовна анкета „Дојчландтренд“ (Тренд на Германија), спроведена по налог на Првата програма на германската телевизија (АРД), покажува дека 63 отсто од германските граѓани се плашат дека нивната земја може да биде вовлечена во војната во Украина.

 

Северна Кореја пријави починати од коронавирусот брзо откако ги регистрираше првите случаи

 

Сепак, повеќето испитаници се на мислење дека германската влада не мора да се воздржува од поддршка на Украина.

Во војната со Русија, Германија ја поддржува Украина со испорака на тешко оружје и обука на украинските војници од страна на Бундесверот.

Поддржувачите се најмалку распространети кај Зелените (46 отсто), а најраспространети меѓу поддржувачите на Алтернатива за Германија (АфД) – 77 отсто. Додека 73 отсто од жените се загрижени, само 51 отсто се мажи.

Loading...

 

Дали е ова причината зошто Украинците толку добро се бранат?

 

Кои партии имаат најголема поддршка?

Анкетата традиционално го поставува прашањето: Ако во недела има сојузни избори, која партија би ја избрале?

Испитаниците во Германија на таканареченото „неделно прашање“ одговориле на следниов начин: Сојузните и баварските демохристијани обединети во Унијата (ЦДУ и ЦСУ) би добиле 26 отсто, а по нив следуваат германските социјалдемократи (СПД) со 22 отсто. 20 отсто од испитаниците би се одлучиле за Зелените, а 11 отсто за Алтернативата за Германија. Либералите (ФДП) би имале осум отсто поддршка, левицата би достигнала четири отсто. Севкупно, сегашната владејачка коалиција на социјалдемократите, зелените и либералите би имала 50 отсто поддршка од испитаниците.

 

Украинска армија: Руските сили гаѓаа неколку села во источна Украина

Loading...

 

Во однос на претходната анкета спроведена на 28 април, резултатот на демохристијаните е непроменет, социјалдемократите загубија два отсто од поддршката, додека Зелените го подобрија својот резултат за исто толку. Така тие го бележат најдобриот резултат од јули минатата година. Либералите изгубија еден процент од поддршката, Алтернатива за Германија останува иста, додека Левица го подобри својот резултат за еден процент.

 

Бизарна грешка го чинеше кинескиот гигант 26 милијарди долари

 

„Дојчландтренд“ е истражување спроведено од 1997 година од агенцијата Инфратест Димап во име на Првата програма на германската телевизија (АРД) и неколку дневни весници.

Телефонски им се поставуваат прашања по случаен избор на полнолетни граѓани на Германија со право на глас, а бројот на испитаници варира помеѓу 1.000 и 1.500.

Пред федералните избори, анкетите се спроведуваат почесто. Оваа анкета е спроведена на 10 и 11 мај и од 1.226 испитаници, 802 одговориле телефонски, а 424 електронски.

Loading...