Вчера околу 15,10 часот на магистралниот пат Велес-Штип помеѓу с.Сарамзалино и с.Лозово, Ж.Д. (63) од Скопје управувајќи патничко моторно возило марка „Шкода Суперб“ со скопски регистерски ознаки, не ја прилагодил брзината спрема условите и состојбата на патот, слетал од коловозот во нива и се превртел, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од здобиените повреди на самото место починал сопатникот Љ.М. (63) од Скопје, а возачот се здобил со телесни повреди. Увид извршиле ОЈО и увидна екипа од ПС ОН-Свети Николе. Се работи на целосно расчистување на случајот.